Дома Фудбал Аргентина може да здивне: Познато колку ќе паузира Меси!

Аргентина може да здивне: Познато колку ќе паузира Меси!

Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското првенство, бидејќи првите прегледи не покажаа посериозна повреда на капитенот Лионел Меси.

Клубот Интер Мајами соопшти дека кај Меси е утврдено истегнување на мускулот на левиот бут, а точниот датум на неговото враќање на теренот ќе зависи од текот на закрепнувањето и медицинските процени.

Според аргентинскиот весник „Ла Насион“, осумкратниот освојувач на Златната топка треба да паузира околу десет дена, што значи дека ќе биде подготвен за настап на Светското првенство.

Загриженост меѓу аргентинските навивачи се појави по последниот натпревар на Интер Мајами пред репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…