Дома Фудбал Италија Алисон се враќа во Серија А, но не во Јувентус

Алисон се враќа во Серија А, но не во Јувентус

Како што објавува „Кориере дело Спорт“, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе ги напушти „Црвените“ на крајот од сезоната.

Неговиот договор со клубот истекува ова лето и тој нема да го обнови.

Тој ќе се врати во Италија, но не во Јувентус, како што првично објавија сите италијански медиуми.

Имено, Јувентус може да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона само по чудо, сè зависи од натпреварите на Милан, Рома и Комо во последното коло.

Па Алисон реши да ја промени средината и да се врати во Рома, која и треба победа против слабата Верона. Доколку Волчицата слави на ова гостување, таа ќе биде учесник во Лигата на шампионите следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне се огласи за ситуацијата со Алварез: Тоа не го одобрувам!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно категорично истакна дека не сака да г…