Дома Бокс Рико Верхувен го имаше во рака Олександр Усик, а потоа се случува 11. рунда за која ќе зборува светот (Видео)

Рико Верхувен го имаше во рака Олександр Усик, а потоа се случува 11. рунда за која ќе зборува светот (Видео)

Олександр Усик го одбрани светскиот шампионски појас во тешка категорија според ВБЦ-верзијата откако вечерва пред пирамидите во Гиза го победи најдобриот кикбоксер во светот Рико Верхувен со прекин во 11. рунда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светот на боксот беше шокиран кога беше објавено дека Олександр Усик ќе го брани WBC појасот на светскиот првак во тешка категорија против најдобриот кикбоксер во светот Рико Верхувен. Јасно беше дека украинскиот ѕвер е апсолутен фаворит и никој на Рико не му даваше големи шанси против Усик.

Сепак, се случи меч за паметење. Усик победи со прекин во 11. рунда откако Рико најголем дел од борбата го одигра навистина одлично и го имаше шампионот во контрола.

Многумина сметаат дека судијата го прекинал мечот прерано бидејќи веќе беше крај на рундата и Рико ќе имаше шанса да победи во 12. рунда. Сепак, одлуката останува таква и Усик останува непоразен шампион.

Oleksandr Usyk finishes Rico Verhoeven in round 11

One of the worst stoppages I’ve seen?? #UsykRico pic.twitter.com/dXKIVigEhI— SleeperKO (@SleeperKO) May 23, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Застрашувачкиот Реуг Реуг беше тешко нокаутиран, а потоа започна општа тепачка во рингот (Видео)

Сенегалскиот борец Омар Кејн (Реуг Реуг) го загуби појасот на првак во тешка категорија во…