Дома Фудбал Трансферот во Шпанија му пропадна, а сега е на чекор до Манчестер Јунајтед

Трансферот во Шпанија му пропадна, а сега е на чекор до Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми објавија дека Јунајтед повторно влегува во преговори со Аталанта околу бразилскиот играч од средината на теренот, Едерсон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Повеќе месеци, Бразилецот беше голема желба на Атлетико Мадрид, но договорт меѓу клубовите наводно пропаднал во завршната фаза на преговорите.

Ова веднаш му даде можност на Манчестер Јунајтед повторно да го започне потрагата по 26-годишниот одбранбен играч, кој го следат од почетокот на годината.

Се вели дека Аталанта сака околу 35 милиони фунти со дополнителни бонуси за својот фудбалер, а англиските медиуми тврдат дека Едерсон е многу заинтересиран за преселба во Манчестер.

Јунајтед ова лето планира голема реконструкција на средниот ред. Касемиро се очекува да го напушти клубот и да се пресели во Интер Мајами, додека иднината на Мануел Угарте е под прашање поради интересот од Турција и Холандија.

Затоа, во Манчестер сакаат да донесат најмалку два нови играчи во средината на теренот за времето на летото.

Едерсон веќе долго време е меѓу главните желби затоа што го сметаат за фудбалер кој може да донесе енергија, агресивност и стабилност во средината на теренот.

Бразилецот има зад себе неколку одлични сезони во Аталанта и е еден од клучните играчи на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри сака во Милан дефанзивец од Леверкузен

Главниот тренер на Милан Масимилијано Алегри го определил левиот бек на Баер Леверкузен Ал…