Дома Фудбал Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчестер Јунајтед веќе доби сериозен удар на трансфер пазарот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од играчите од средниот ред кој последните недели се поврзуваше со пристап во Олд Трафорд, реши да ја одбие можноста за трансфер и да остане верен на својот клуб.

Станува збор за бразилскиот играч од средниот ред, Андре, кој го продолжи договорот со Вулверхемптон до 2030 година.

Неговото име во последните денови често се споменуваше во контекст на Манчестер Јунајтед, особено откако неговиот сонародник Каземиро наводно го препорачал на раководството на Црвените Ѓаволи.

Јунајтед ова лето планира реконструкција на средниот ред, а Андре беше еден од играчите кои сериозно се разгледуваа.

Особено бидејќи се очекуваше дека по испаѓањето на Вулверхемптон во Чемпионшип, тој ќе биде подготвен да си замине.

Англиските медиуми тврдеа дека понуда од околу 35 милиони фунти може да биде доволна за Вулвите да го пуштат.

Меѓутоа, следуваше сосема поинаков развој. Бразилецот одлучи да остане во Вулверхемптон и да му помогне на клубот во обидот да се врати во Премиер лигата.

Неговата одлука посебно ја пофалија раководството на клубот и тренерот Роб Едвардс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди промаши пенал: Коњаспор загуби од Трабзонспор во Купот (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не реализираше пенал во финалето на Купот на Турци…