Дома Фудбал Тухел жестоко му одговори на Мегваер по критиките за отсуството од Светското првенство

Тухел жестоко му одговори на Мегваер по критиките за отсуството од Светското првенство

Во својот прв јавен настап по објавувањето на чудниот список од 26 играчи за Светското првенство, Тухел зборуваше за различни теми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Една од нив беше и шокот за негативната реакција што ја доби од страна на Хари Мегваер.

Тимот на Тухел за Светското првенство во Америка, Канада и Мексико е без голем број ѕвезди кои очекуваа место во авионот.

Интересно е и тоа што Џордан Хендерсон доби покана, додека нема на пример Фоден, Палмер, Хал, но и Мегваер.

Тухел повика пет стопери, а тоа се Езри Конса, Марк Гехи, Џарел Куансах, Дан Бурн и Џон Стоунс.

Сепак, она што не му се допадна на Тухел е реакцијата на Мегваер околу тоа што не се наоѓа на списокот на патници за Светското првенство.

По изнесувањето на храбрите причини за исклучувањето на Фоден, следеше прашање за Мегваер.

„Бев изненаден кога ја прочитав изјавата на Мегваер. Имавме приватен разговор и тој имаше можност да ги изрази своите чувства.

Одлуката е таква што остануваме со стоперите кои не носеа низ есента.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звер од над 100 милиони го заменува Мохамед Салах во Ливерпул!

Една ера во Ливерпул завршува. Заминувањето на Мохамед Салах, а веројатно и на Вирџил ван …