
Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација Стале Солбакен го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат земјата на претстојното Светско првенство.
Екипата ќе ја предводи еден од водечките напаѓачи во светот, Ерлинг Халанд, кој иако имаше помалку забележителна сезона на клупско ниво, откако ја изгуби титулата во Англија, а не успеа ниту во Лигата на шампионите, се очекува да се покаже во најдобро светло на овој шампионат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Специфичен ќе биде натпреварот во групата I, каде што се наоѓа Норвешка, во кој ќе бидеме сведоци на директен дуел меѓу двајцата врвни светски напаѓачи, Халанд и Килиан Мбапе.
Да потсетиме, Норвешка е во група со Франција, Сенегал и Ирак.
Голмани: Орјан Хаскјолд Ниланд (Севиља), Сандер Танвик (Хамбург), Егил Селвик (Вотфорд)
Одбрана: Кристофер Ајер (Брентфорд), Давид Молет Волфе (Вулверхемптон), Лео Остигард (Џенова), Фредрик Бјаркан (Буде/Глимт), Маркус Педерсен (Торино), Торбјарн Хегем (Болонја), Сондере Лангас (Дерби Каунти), Хенрик Фалхенер (Викинг), Јулијан Рајерсон (Борусија Дортмунд)
Среден ред: Мортен Торсби (Кремонесе), Патрик Берг (Буде/Глимт), Сандер Берге (Фулам), Мартин Одегард (Арсенал), Фредрик Аурснес (Бенфика), Кристијан Торсведт (Сасуоло), Телониус Аасгард (Рејнџерс), Антонио Нуса (РБ Лајпциг), Андреас Шелдеруп (Бенфика), Оскар Боб (Фулам), Јенс Петер Хауге (Буде/Глимт)
Напаѓачи: Александар Серлот (Атлетико Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Јорген Странд Ларсен (Кристал Палас).
Норвешка првиот натпревар на Мундијалот го игра на 16 јуни против Ирак во Масачусетс.
На 22 јуни во Њу Џерси ќе се сретнат со Сенегал, а на 26 јуни повторно во Масачусетс ќе ги одмерат силите со Франција.