Дома Фудбал Седлоски јавно се извини за контроверзната прослава на Вардар

Седлоски јавно се извини за контроверзната прослава на Вардар

На денешната прес-конференција на која беше објавен списокот на фудбалери за дуелите со Босна и Турција, селекторот Гоце Седлоски кој е и тренер на Вардар јавно се извини за прославата на неговиот тим која предизвика бурни реакции во јавноста.

Ќе потсетиме, по освоената титула и натпреварот со Струга на социјалните мрежи беше објавено видео на кое тимот на Вардар пее вулгарна песна за Битола и Каролина Гочева, а сега Седлоски испрати јавно извинување во негово и името на целиот тим.

„Во мое лично име и во сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга“, истакна Седлоски на почетокот од конференцијата.

Поради контроверзната прослава, Дисциплинската комисија на ФФМ отвори и постапка против Вардар, а во наредниот период се очекува да биде соопштена и санкцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серхио Рамос пред изненадувачки трансфер – се сели во Премиер лигата

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос (40) е во преговори со Астон Вила и би можел да игра во …