Дома Фудбал Модриќ има четири услови за останување во Милан – еве што сака од клубот!

Модриќ има четири услови за останување во Милан – еве што сака од клубот!

„Скај Спорт Италија“ објави дека иднината на Модриќ зависи од четири фактори. Првиот фактор е проценката на неговата физичка подготвеност, бидејќи сака да биде сигурен дека може да ја задржи сегашната форма на игра. Останатите три услови директно се насочени кон управата и го дефинираат спортскиот проект во кој Модриќ е подготвен да вложи уште една сезона од кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како основен услов е поставен пласманот во Лигата на шампионите. На тоа се надоврзува и барањето за гаранција за клупските амбиции. Модриќ бара Милан во текот на летото да вложи во засилувања и да создаде тим способен за борба за титулата првак на Италија и за позначајна улога во Лигата на шампионите.

Последниот, и многу важен услов, е останувањето на тренерот Масимилијано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците го објавија списокот за Мундијалот, Ноер е тука!

Јулијан Нагелсман денес го објави составот на фудбалската репрезентација на Германија за у…