Дома Фудбал Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во историјата на мадридскиот гигант.

Зад овој искусен шпански фудбалер (34) остануваат импресивни бројки, со Кралскиот клуб има освоено сè што можеше да се освои, а во бројки тоа изгледа вака – вкупно 27 трофеи, од кои шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Ла Лигата, два пати Купот на кралот, пет европски Суперкупови и уште многу други.

Бидејќи на крајот од оваа сезона му истекува договорот, а нов нема да потпише, Карвахал реши да организира проштална вечера на која ги собра играчите и некои членови од стручниот штаб. Интересно е што меѓу поканетите не беше тренерот Алваро Арбелоа, открива познатиот шпански новинар Марио Кортегана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија со историска победа над Хрватска, Сака и Билингам блескаа

Англија ја совлада Хрватска со неверојатни 7-0 во Лигата на нации, што е најголемата побед…