Дома Фудбал Погледнете како “Топчиите” ја прославија титулата

Погледнете како “Топчиите” ја прославија титулата

АРСЕНАЛ е новиот шампион на Англија. Во 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити изигра само нерешено против Борнмут, завршувајќи со 1:1. Сити остана на 78 поени, четири помалку од Арсенал пред последното коло.

Тимот на Пеп Гвардиола имаше потреба од победа за да остане во трката за титулата, но на крајот, по 22 години, Арсенал повторно го освои трофејот во Премиер лигата. Ели Жуниор Крупи постигна гол за домаќините, додека во петтата минута од судиското продолжение Ерлинг Халанд успеа да израмни, создавајќи драматична завршница.

Фудбалерите на Арсенал го следеа мечот, и кога официјално станаа шампиони, започнаа со бурно прославување. Објавено е видео од големото славје на тимот.

ЛИНК од видеото

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Возиња: Животот ми беше подобар пред Светското првенство

Возиња (40) го живее својот живот поинаку отколку порано. Пресвртната точка беше на Светск…