Дома Фудбал Арсенал е шампион! Ман Сити капитулира во битката за титулата против Борнмут

Арсенал е шампион! Ман Сити капитулира во битката за титулата против Борнмут

Арсенал е шампион на Премиер лигата! Титулата на „Топчиите” се официјализира вечерва, откако Манчестер Сити не успеа во гостувањето на Борнмут и заврши нерешено 1:1, со што „граѓаните” останаа на четири бода од врвот во табелата еден круг пред крајот.

Победата на домаќините пак го гарантира нивното место во европските турнири следната година, но сè уште не е јасно во кој турнир ќе учествуваат.

Тимот на Андони Ираола може да се пласира дури и во Лига на шампионите при одредени околности. Ели Крупи (40’) погоди пет минути пред крајот на првото полувреме, а Ерлинг Хааланд (95’) израмни во додаденото време од натпреварот. Фудбалерите на Џосеп Гвардиола изгледаа доста спори и безидејни во текот на целиот натпревар, како да новината за повлекувањето на Каталунецот по крајот на сезоната дополнително внесеше нервоза во нивната игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса остана без првиот голман, познато колку ќе биде надвор од терените

Денес дојдоа лоши вести за Барселона по синоќниот натпревар од шестиот круг на Примера, во…