Дома Фудбал Фудбалер на Шкендија ќе плати 500 евра за кршење врата во Кратово

Фудбалер на Шкендија ќе плати 500 евра за кршење врата во Кратово

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече неколку казни, меѓу кои и за инцидентите што се случија во Кратово на натпреварот меѓу Силекс и Шкендија.

Фудбалерот на Шкендија и македонски репрезентативец, Имран Фетаи, е санкциониран со 500 евра откако по мечот оштетил врата во соблекувалната.

Парична казна од 500 евра доби и тренерот Јетон Беќири поради навреди упатени кон полициски службеници по завршување на истиот натпревар.

Останатите одлуки можете да ги прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…