Дома Фудбал Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Влезниците се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk

За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 14.

За навивачите на ФК Силекс се наменети билетите од блок 19 и блок 23.

За сите останати љубители на фудбалот, блок 18 од северната трибина е предвиден за неутрални гледачи.

Билетите може да ги обезбедите исклучиво преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…