Дома Боречки спортови Повторно се враќа Конор Мекгрегор: УФЦ објави извонредна вест и закажа борба на годината (Фото)

Повторно се враќа Конор Мекгрегор: УФЦ објави извонредна вест и закажа борба на годината (Фото)

Најпопуларниот MMA борец на денешницата, Конор Мекгрегор, конечно се враќа во октагонот по полни пет години, а негов ривал ќе биде Макс Холовеј на УФЦ 329 кој ќе се одржи на 11 јули оваа година.

УФЦ официјално ја потврди борбата со објавување на постер на кој се Конор Мекгрегор и Макс Холовеј и ова ќе биде нивна втора меѓусебна борба.

Мекгрегор и Холовеј прв пат се бореа пред 13 години и тогаш Ирецот славеше со одлука на судиите по три рунди.

Конор Мекгрегор последната борба ја имаше во летото 2021 година кога беше поразен од Дастин Порие, кој го совлада и во претходниот меч, неколку месеци порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Узеир е европски првак: злато за Македонија и уште две сребра во Скопје

Нелсон Узеир го победи Милош Давидовиќ во финалето до 86 килограми во лоу-кик. Силвио Миро…