Дома Фудбал Голем хаос на повидок: Хартс бара службена победа против Селтик! (Видео)

Голем хаос на повидок: Хартс бара службена победа против Селтик! (Видео)

Драмата во шкотската Премиер лига сè уште трае, а најновите случувања отвораат можност за вистински преседан во европскиот фудбал. Селтик го прослави освојувањето на титулата по победата од 3:1 против Хартс на „Селтик Парк“, но тимот од Единбург смета дека натпреварот не завршил регуларно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Хартс тврдат дека судијата Робертсон не го означил крајот на натпреварот со последниот свиреж, поради тоа што веднаш по третиот гол на Селтик, голем број навивачи навлегле на теренот за да ја прослават титулата. Токму тука клубот ја гледа својата шанса.

Хартс потенцира дека правилата на Шкотската фудбалска федерација јасно определуваат дека мечот мора официјално да заврши со судиски свиреж. Ако се утврди дека тоа не се случило, постои можност натпреварот да биде регистриран со службен резултат од 3:0 во корист на гостите.

Таков расплет би значел дека титулата би ја освоиле Хартс „зад зелените маси“, што би предизвикало огромни реакции не само во Шкотска, туку и низ цела Европа.

Се тврди дека судијата Робертсон во својот извештај навел дека го означил крајот на натпреварот, но конечната одлука ќе зависи од официјалната документација и анализата на случувањата на теренот.

Ако се случи промена на шампионот, тоа би бил еден од најконтроверзните случаи во поновата историја на европскиот и светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…