Дома Фудбал Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Вирџил Ван Дајк по осум години најверојатно ќе го напушти Ливерпул. Холандскиот стопер веќе кажал ‘да’ на турскиот првак Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогаш најскапиот дефанзивец во светот, како и легенда на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, е подготвен да си замине од Ливерпул. Тој веќе ја прифатил понудата од турскиот првак Галатасарај и можно е да замине за Турција летово.

Според информациите од Турција, наскоро 35-годишниот Холанѓанец им соопштил на челниците на Галата дека е подготвен да дојде во клубот, ако Ливерпул е спремен да го пушти без надоместок.

Тука не би требало да има многу проблеми. Ван Дајк има уште година дена од договорот, но плата му е значаен товар за клупската каса (повеќе од 18 милиони фунти годишно), па „црвените“ немаат проблем да се ослободат од таквата плата.

Значи, нема да биде изненадување ако договорот наскоро биде склучен. Ван Дајк би можел завршетокот на својата кариера да го помине во Турција, а си заминува од Ливерпул по осум фантастични години во кои освои речиси сѐ што беше можно.

Тој стигна на „Енфилд“ од Саутемптон во 2018 година за повеќе од 80 милиони евра. Стана капитен и еден од најдобрите дефанзивци во светот, а одигра 373 натпревари за Редсите со одличен учинок за еден стопер со 36 голови и 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато зошто Инкапие доби црвен картон: Применето ново правило, видено само еднаш (Видео)

Одбранбениот играч на Еквадор, Пијеро Инкапие, доби директен црвен картон во завршницата н…