
Откако и официјално ја обезбеди шампионската титула, ФК Вардар повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал. Утринава, извршниот директор Миленко Неделковски преку објава на социјалните мрежи откри повеќе детали околу плановите на клубот по големиот успех.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како награда за освоениот трофеј, раководството ќе им додели премија од 250.000 евра на фудбалерите и стручниот штаб кои ја донесоа титулата во таборот на „црвено-црните“.
Неделковски испрати и порака во пресрет на последното коло од сезоната, изразувајќи очекување играчите на ФК Шкендија со шпалир да му оддадат почит на новиот шампион.
Воедно беше најавена и голема прослава по натпреварот со Шкендија, на која ќе можат да присуствуваат сите навивачи и симпатизери на клубот, а дополнителните информации за организацијата ќе бидат соопштени во следните денови.
По кратката пауза, вардарци повторно ќе се соберат на 8 јуни, додека главниот дел од подготовките за новата сезона ќе се реализира во Норчиа, Италија.
Од клубот најавуваат и засилувања во играчкиот кадар, со цел Вардар да биде уште поконкурентен во следната сезона.