
На крајот од сезоната, Бернардо Силва планира да го напушти сегашниот тим, но сѐ уште не е познато каде точно ќе ја продолжи својата кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во интервју за португалскиот Canal 11, Бернардо Силва откри дека добил повик од Бенфика за враќање во Португалија.
Неколку врвни клубови го следат Бернардо Силва, а меѓу нив се Барселона и Јувентус.
Силва потврди дека добил конкретен повик од Бенфика.
“Јасно го одбив повикот Бенфика да се вратам ова лето. Сакам да се вратам, но не знам дали ќе ме сакаат кога ќе бидам подготвен да се вратам.
Имаше контакти, но не сакам да се вратам ова лето. Сѐ ќе стане јасно до почетокот на Светското првенство.
За мене е важно на Светското првенство моите мисли да не се навраќаат на други работи”, беше категоричен Бернардо Силва.
Во овој момент изгледа дека одличниот играч за врска е најблиску до трансфер во Јувентус.