
Килијан Мбапе повторно крена голема прашина по синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Овиедо поради тоа што го кажа пред камерите, но следеше експресен одговор од Алваро Арбелоа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Атмосферата во Реал Мадрид одамна не беше полоша, а тоа најдобро се виде и по синоќешниот натпревар против Овиедо.
Кралевите успеаја да победат со 2:0 пред своите навивачи, но јасно е дека сите едвај чекаат да заврши сезоната бидејќи ова ќе биде втора последователна година без освоен трофеј, што е огромен неуспех.
Сепак, покрај тоа односите во соблекувалната на Реал се изјавително лоши, што беше докажано и синоќа кога прв пред камерите се појави Килијан Мбапе.
Мбапе се опорави од повреда и играше во второто полувреме, но јавно изјави дека бил подготвен да игра од првата минута, но дека Арбелоа е тој кој одлучил тоа да не се случи.
“Да, здрав сум и подготвен за игра. Зошто не почнав вечерва? Прашајте го тренерот. За него сум четврти напаѓач во тимот. Ми кажа дека пред мене предност имаат Мастантуоно, Брахим и Гонзало. Бев подготвен да почнам, но него мора да го прашате зошто тоа не се случи. Тоа е негова одлука. Јас го почитувам бидејќи тој е шеф”, рече Мбапе.
Тренерот на Реал му пренесоа што изјави Мбапе по натпреварот и можеа да се видат колку тој беше изненаден поради тоа.
Арбелоа ги демантираше наведените на францускиот напаѓач, но сето тоа само докажа колку е лош односот меѓу нив двајцата.
“Не знам што ви кажал, уште не сум видел. Прво, не е точно дека имам четворица напаѓачи во тимот ниту некогаш сум му го кажал тоа”, изјави Арбелоа и додаде.
“Тука сум јас тренер и одлучувам кој ќе игра, а кој не. Тој сега се опорави и одлучив да игра во вториот дел, а во наредниот натпревар ќе биде стартер”.