Дома Фудбал Стигнаа казните за хаосот во Штип: Брегалница без тренер ќе ја заврши сезоната!

Стигнаа казните за хаосот во Штип: Брегалница без тренер ќе ја заврши сезоната!

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија денеска ги објави казните по натпреварите од изминатиот викенд, а најмногу санкции произлегоа од тензичниот дуел во Втората лига меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најстрого беше санкциониран тренерот на Брегалница, Влатко Костов, кој заработи едномесечна суспензија и нема да може да ја предводи екипата во финишот од сезоната.

„Дино Михолов и Лука Бојаџиев, фудбалери на ФК Брегалница 2008, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, додека Влатко Костов, шеф на стручен штаб на ФК Брегалница 2008, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Арсим Љамалари и Иљаз Чилафи, фудбалери на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, а Махир Ајрули со забрана на настап на пет натпревари. Исуфи Авдираман, комесар за безбедност на ФК Шкендија Арачиново 77, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Против ФК Брегалница 2008 е поведена постапка поради слаба организација на натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ против ФК Шкендија Арачиново 77. Дисциплинска постапка е поведена и против ФК Шкендија Арачиново 77 поради користење пиротехнички средства и влегување член на управа на теренот за игра на натпреварот против ФК Брегалница 2008“, стои во соопштението на дисциплинската комисија.

Комисијата изрече санкции и за други клубови и фудбалери од домашното првенство.

„Роналдо Вебстер, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана на настап на три натпревари;
Илија Апостоловски, фудбалер на ГФК Вардар Неготино, се казнува со забрана на настап на три натпревари;

Дамјан Серафимов, фудбалер на ГФК Охрид и Егзон Белица, фудбалер на ФК Работнички, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар. Шабан Сулиман, тренер на ФК Работнички, се казнува со забрана на вршење функција во траење од еден месец;

Дисциплинската комисија покрена постапка против ФК Вардар поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло против ФК Силекс. Поведена е дисциплинска постапка и против ФК Шкендија поради недолично скандирање на навивачката група на натпреварот од 31. коло против ФК Струга Трим Лум“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски почна со новата работа: Критикувајте ме мене, немојте играчите и федерацијата!

Игор Ангеловски и официјално беше промовиран како нов селектор на Таџикистан, репрезентаци…