Дома Фудбал Драмата во Србија: Погледнете како Звезда на пенали го освои купот на Србија (Видео)

Драмата во Србија: Погледнете како Звезда на пенали го освои купот на Србија (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда по триесетти пат во историјата на клубот го освоија националниот Куп, победувајќи ја Војводина по успешната пенал серија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гледавме финале достојно на борба за трофеј. Фотографиите од “Лагатор” со пехарот во раце зборуваат за успехот на фудбалерите на Црвена звезда. Тимот на Дејан Станковиќ успеа да направи пресврт и да ја однесе 30. титула во националниот Куп, а херој стана голманот Матјеус. Бразилецот, кој од почетокот на сезоната блеска на “Маракана”, ја завршува оваа година со блескав пенал одбранет во шестата серија од финалето. Тој го “прочита” ударот на Џон Мери и го спречи недоволно силниот шут, обезбедувајќи победа за својот тим.

Звезда на полувремето губеше со два гола разлика бидејќи Војводина поведе преку головите на Корнел Суќ и Милутин Видосављевиќ. Црвено-белите не се откажаа и со попадоците на Марко Арнаутовиќ и Родриго го одведоа натпреварот во продолженија. Понатаму, во дополнителните полчаса, голови немаше, па прашањето за победникот падна во пенал серијата. Впечаток беше дека домаќините имаат поцврсти нерви, бидејќи пенал промаши само Владимир Лучиќ, додека трагичарите на Војводина беа Марко Младеновиќ и Џон Мери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…