Дома Фудбал Бернардо Силва се јавувал на Роналдо да праша за Јувентус

Бернардо Силва се јавувал на Роналдо да праша за Јувентус

Играчот на Манчестер Сити Бернардо Силва се јавувал на Кристијано Роналдо и на некои други играчи, за да праша какви се условите во Јувентус. Тој разговарал и со Жоао Кансело и Данило.

Се очекува 31-годишниот Силва да го напушти “граѓаните” по завршувањето на сезоната, кога му истекува договорот со нив.

Според “Тутоспорт”, Јувентус е спремен да му понуди на Бернардо договор на неколку години и плата од 6 милиони евра по сезона плус бонуси. Интересот за Силва е сериозен.

За неговиот потпис се борат уште Барселона и Галатасарај, каде што играат неговите поранешни соиграчи Илкај Гундоган и Лерој Сане. Турскиот гигант е спремен да понуди 10 милиони евра годишно за неговата плата. Покрај тоа, има интерес и од клубови од Саудиска Арабија и САД, а неговиот роден клуб Бенфика исто така размислува да му понуди договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…