
Жозе Мурињо, актуелниот тренер на португалска Бенфика, во последно време често се поврзува со Реал Мадрид. Флорентино Перез го цени Мурињо, кој веќе еднаш остави недовршена работа на стадионот “Сантијаго Бернабеу”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во изминативе месеци, Мурињо избегнуваше да зборува за својата иднина, фокусирајќи се на иднината на Бенфика и натпреварите што ги очекуваат. Тој нагласуваше дека сака да се дистанцира од шпекулациите околу Реал Мадрид.
Вчера, повторно нови прашања на прес-конференција пред натпреварот со Есторил.
“Имаме меч со Есторил, а од понеделник ќе одговарам на прашања за мојата иднина и иднината на Бенфика. Имајте трпение”, изјави Мурињо.
Тоа што не го негира интересот од Реал Мадрид можеби кажува многу…