Дома Фудбал Левандовски отворено најави заминување од Барселона!

Левандовски отворено најави заминување од Барселона!

Еден од најдобрите напаѓачи во Европа во последните две децении, Роберт Левандовски, изјави дека би можел да размисли за премин во послаба лига ако го напушти Барселона ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За време на прославата на титулата по победата на Барса над Реал Мадрид, Левандовски не го криеше фактот дека неговото време на Камп Ноу може да се приближува кон крајот.

Во интервју за полската телевизија Eleven Sports, тој призна дека идејата за промена на клубот и заминување во помалку напорна лига е реална опција за разгледување.

“Постои можност за послаба лига. Имам речиси 38 години, но физички се чувствувам одлично, па затоа ја земам предвид таа можност. Морам да разгледам дали е време да играм и да уживам во животот. Таа можност може да се отвори и не ја исклучувам”, објасни Левандовски, кој претходно често беше поврзуван со тимови како Chicago Fire во САД.

Постојат неизвесности околу тоа дали Левандовски ќе го носи дресот на Blaugranа и следната сезона, со оглед на извештаите дека му е понудено продолжување на договорот со намалена плата.

“Што ќе правам на есен? Не знам. Сега само што дознав дека ми остануваат уште 50 дена од договорот, така што имам уште време. Ќе преслушам уште неколку понуди и потоа ќе одлучам”, изјави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго јасен: Објасни зошто Мурињо не треба да биде тренер на Реал

Еден од најславните португалски фудбалери на сите времиња, Луис Фиго, смета дека враќањето…