Дома Фудбал Шпанците тврдат: Перез веќе одлучи кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид

Шпанците тврдат: Перез веќе одлучи кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема во шпанските медиуми, а сè повеќе извори тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е практично решена работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По турбулентната сезона без трофеи и бројни проблеми во соблекувалната, Флорентино Перез наводно одлучи да преземе чекор со кој ќе ја врати стабилноста и авторитетот во тимот. Изборот, според шпанските медиуми, паднал токму на Мурињо.

Португалецот така би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“ по повеќе од една деценија, каде што веќе работеше од 2010 до 2013 година.

Во Мадрид веруваат дека токму Мурињо е тренерот кој може да ја смири напнатата атмосфера во соблекувалната и повторно да наметне дисциплина меѓу ѕвездите на Реал. Последниве недели клубот е потресен од приказни за судири меѓу играчите, поделби и незадоволство во тимот.

Наводно, по доаѓањето, Мурињо ќе добие голема слобода во креирањето на тимот и значително влијание на летниот трансфер период. Се очекуваат и сериозни промени во соблекувалната, а некои играчи би можеле да го напуштат клубот веќе ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига…