Дома Фудбал Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е повторно во центарот на вниманието на шпанските медиуми, со се поголем број извори кои тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е практично завршена работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По една бурна сезона без освоени трофеи и низа проблеми во соблекувалната, изгледа дека Флорентино Перез е решен за чекор со кој сака да ја врати стабилноста и авторитетот во тимот. Изборот е паднат токму на Мурињо.

Португалецот ќе се врати на Сантијаго Бернабеу по повеќе од една деценија, каде веќе работеше од 2010 до 2013 година. Во Мадрид сметаат дека Мурињо е тренерот кој може да ја смири напнатата атмосфера во соблекувалната и да внесе повторно дисциплина меѓу ѕвездите на Реал. Последните неколку недели клубот е разнишан од гласини за конфликти меѓу играчите, поделби и незадоволство во тимот.

Според непотврдени информации, Мурињо би добил значајна слобода во градењето на тимот и големо влијание врз летниот преоден рок. Се очекуваат значителни промени и во соблекувалната, а некои играчи би можеле да го напуштат клубот уште ова лето.

Во својот прв мандат го предводеше Реал на 178 натпревари и освои првенство, Куп на Кралот и Суперкуп на Шпанија. Иако тогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите, многумина во Мадрид веруваат дека ги постави темелите за подоцнежните европски успеси на клубот.

Според истите извори, официјалната потврда би можела да пристигне веднаш по завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите ширум светот во шок поради големата објава на Реал

Реал Мадрид сигурно ќе изгледа многу подобро отколку минатата сезона, која беше ужасна, а …