Дома Фудбал Ова е листата на Перез за трансфери – два засилувања во нападот и обновување во одбраната!

Ова е листата на Перез за трансфери – два засилувања во нападот и обновување во одбраната!

Реал Мадрид заврши и втора сезона без освоен трофеј и проблемите полека излегуваат на површина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За клановите и инцидентите внатре во соблекувалната веќе сè знаете, а сега е ред на – обновување. Најпрво, листата за заминување, односно играчи кои сигурно ќе заминат. Дејвид Алаба и Дани Карвахал остануваат без договор, нема назнаки дека ќе добијат нови, иако капитенот можеби би можел да го добие доколку така одлучи новиот тренер (Жозе Мурињо?). Дани Себаљос веќе долго време е на трансфер листа, чека летото да го одбере клубот, една година пред истекот на договорот. Слична е ситуацијата и со Раул Асенсио кој доби шанса во „Ел класико“ само поради повредите на Дино Хаусен и Едер Милитао.

Најголема заработка Перез очекува од Гонзало Гарсија, кого го проценува на дури 60.000.000 евра, а има понуди од различни земји. Исто така, се верува дека Феде Валверде и Чуамени ќе останат и покрај тепачката пред „Ел класико“, додека во случај на соодветна понуда би можел да замине и Едуардо Камавинга.

Во нападот не се очекуваат многу промени, освен клучните враќања – Ендрик од Лион и Нико Паз од Комо. Со Мбапе, Белингем, Винисиус, Браим Дијаз и Родриго кога ќе закрепне, нападот е исполнет.

Но, комплетно обновување се очекува во одбраната. Големи се шансите да замине и Фран Гарсија, Ферлан Менди доживеа нова тешка повреда, додека Алваро Карерас остана во немилост на крајот од сезоната. Милитао пак потешко се повреди, што му е дури четврта тешка повреда во две и пол години, така што е големо прашање во каква форма ќе биде и кога. Ридигер му истекува договорот, досега имаше назнаки дека ќе добие нов, но го чека улога на резервист.

Дин Хаусен не ги оправда очекувањата, па затоа се очекува Перез да доведе најмалку двајца централени дефанзивци. Сепак, имињата се во магла, бидејќи го пропуштија Жереми Жаке, Дајо Упамекано, Ник Шлотербек, а наскоро и Ибрахима Конате би можел да потпише нов договор со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиго јасен: Објасни зошто Мурињо не треба да биде тренер на Реал

Еден од најславните португалски фудбалери на сите времиња, Луис Фиго, смета дека враќањето…