
Орелиен Чуамени минува низ исклучително тежок период во својата кариера. Ќе биде вистинско чудо ако остане дел од кралскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона со победата против Реал Мадрид во Ел Класико и математички ја осигура титулата шампион на Шпанија, но по натпреварот многу се зборуваше за однесувањето на одредени играчи од кралскиот клуб.
Додека Барселона го славеше новиот трофеј пред своите навивачи, вниманието на јавноста ги привлекоа два потполно различни потези на играчите на Реал.
Едниот доби огромни пофалби, а другиот предизвика нов бран критики меѓу навивачите и шпанските медиуми.
Винициус Жуниор, кој во текот на целиот натпревар беше под удар на свирежите од домашните навивачи и дербито го заврши со капитенската лента, покажа она што многумина го нарекуваат вистинско спортско однесување.
Бразилецот по последниот свиреж на судијата му пријде на играчите на Барселона и им честиташе за освојувањето на титулата.