
Во лондонското дерби, Вест Хем бараше бодови за спас, а Арсенал за титулата. На крајот, тимот од северен Лондон славеше со 1:0 и беше на малку чекор до титулата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Топџиите во саботата гледаа како Манчестер Сити се доближува на два бода и беа во опасност дека Граѓаните во среда со победа против Кристал Палас би можеле да ги стигнат на табелата.
Сепак, Арсенал денеска во многу тежок натпревар како гостин го победи Вест Хем и сега е на прагот на титулата на која се чека веќе 20 години.
Во 83-та минута започна големото славје на Арсенал, кога Тросар со мала среќа ја смести топката во мрежата на Вест Хем. Права драма во надополнувањето, кога Вилсон даде гол, но потоа започна ВАР проверка која траеше цела вечност, за на крајот да биде оправдано досуден фаул над Раја. Можно е оваа одлука да го одреди шампионот на Англија на крајот.
ВАР ГО ОСВОИ ЛИГАТА ЗА АРСЕНАЛ
— ТопСи (@UtdTopCee) 10 мај, 2026
ВАР ГО ОСВОИ ЛИГАТА ЗА АРСЕНАЛ
ВАР ГО ОСВОИ ЛИГАТА ЗА АРСЕНАЛ
ВАР ГО ОСВОИ ЛИГАТА ЗА АРСЕНАЛ
ВАР ГО ОСВОИ ЛИГАТА ЗА АРСЕНАЛ pic.twitter.com/QGjVODuIYw