
Барселона и Реал Мадрид вечерва го играат најголемото дерби во светот кое може да го реши прашањето за првакот на Шпанија. Кралевите се надеваа дека вечерва Килијан Мбапе ќе настапи, но вчерашниот тренинг донесе нова катастрофа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ел Класико се игра вечерва на стадионот Камп Ноу, а познато е дека Барселона и со бод може да ја осигура одбраната на титулата првак на Шпанија.
Во Реал се надеваат дека можат да им ги поматат сметките на Каталонците и да дојдат до победа која би овозможила да останат во игра за титулата.
Сепак, многумина не се премногу оптимистични дека Реал може да дојде до победа, посебно поради хаосот што се случува во соблекувалната на кралскиот клуб.
Уште еден удар Реал Мадрид доби вчера кога на тренингот повторно се повреди Килијан Мбапе.
Французинот штотуку се опорави од повреда на левата нога која веќе одамна го мачи и се чинеше дека би можел да игра против Барселона од првата минута, но тоа нема да се случи.
Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе почувствувал болка на истото место за време на вчерашниот тренинг и веднаш отишол во соблекувалната.