Дома Фудбал Ова се чекаше: Меси ги избра фаворитите на Мундијалот!

Ова се чекаше: Меси ги избра фаворитите на Мундијалот!

Иако е во поодминати фудбалски години, големата ѕвезда Лионел Меси воопшто не размислува за пензија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Обожавам да играм фудбал и ќе продолжам додека можам“, изјави аргентинскиот ас во интервју на YouTube со водителот Поло Алварез.

Неговата мотивација останува огромна: „Јас сум натпреварувачки настроен. Сакам да победувам во сè – дури ни на син ми не му дозволувам да победи во видео игрите.”

Осумкратниот освојувач на Златната топка ќе наполни 39 години во јуни.

Меси има договор со неговиот клуб Интер Мајами до 2028 година и неодамна беше прогласен за највреден играч во MLS. Сега вниманието му е насочено кон Светското првенство во фудбал.

По успехот во Катар 2022, Аргентина ќе се бори за трофејот како бранител на титулата на големото Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

„Свесни сме дека Светското првенство е секогаш комплициран турнир поради квалитетот на сите учесници. Мораме да бидеме оптимисти, како што секој Аргентинец е секогаш оптимист кога станува збор за официјални натпревари, но исто така мораме да признаеме дека има и други фаворити кои се во подобра форма“, изјави тој.

На прашањето за фаворитите, Меси одговори: “Мислам дека Франција моментално повторно изгледа многу силно; имаат богатство од врвни играчи. Шпанија исто така ја сметам за кандидат, како и Бразил – иако во последно време не се во врвна форма.”

Според Меси, репрезентациите на Германија, Англија и Португалија исто така се дел од поширокиот круг на фаворити.

Аргентина, според Меси, е „во добра форма, иако многу играчи моментално се борат со повреди или недостаток на играчка пракса”.

Сепак, повеќепати се покажа дека „оваа репрезентација, кога и да се собере, се бори жестоко и секогаш тежнее кон победа.”

Аргентина на Мундијалот ќе игра во група со Алжир, Австрија и Јордан. Форматот на Мундијалот е проширен на 48 репрезентации, па се играат 12 групи со по четири екипи. Првите две екипи од секоја група директно напредуваат, а продолжуваат и осумте најдобри третопласирани.

Аргентина на Меси се надева на втората светска титула по 2022 година во Катар, претходно освојувајќи ги титулите во 1978 и 1986 година.

Аргентина уште трипати играше во финалето, и тоа во 1930, 1990 и 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Омерагиќ и ФФМ со поддршка за иницијативата јужната трибина да се вика Васил Рингов

Навивачите на ФК Вардар за време на денешниот натпревар против ФК Силекс (2-1) уште еднаш …