Дома Фудбал Шкендија Арачиново утре ја чека „жешка“ атмосфера во Штип – Брегалница објави важно соопштение!

Шкендија Арачиново утре ја чека „жешка“ атмосфера во Штип – Брегалница објави важно соопштение!

Од ФК Брегалница објави важно известување до навивачите пред утрешниот натпревар.

Поради големиот интерес за натпреварот, од клубот информираа дека вратите на стадионот „Градски“ ќе бидат отворени од 15:00 часот.

Воедно, од Брегалница апелираат до сите симпатизери и љубители на фудбалот да пристигнат порано на стадионот, со цел да се избегнат гужви и турканици на влезовите.

Од клубот однапред им се заблагодарија на навивачите за разбирањето и поддршката.

Дербито против Шкендија Арачиново е закажано за во терминот од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата го проголта европскиот фудбал: Дури и аутсајдерите во Англија имаат пари за кои големите клубови сонуваат

Англиските клубови летово потрошија рекордни 3,46 милијарди фунти, но вистинската сила на …