Дома Топ вести Ќе реагира ли Перез? – Ѕвездата на Баерн спремна на СЕ за да се пресели во Мадрид!

Ќе реагира ли Перез? – Ѕвездата на Баерн спремна на СЕ за да се пресели во Мадрид!

Како што тврдат шпанските медиуми, Реал добил огромен поттик за напаѓачот кој Флорентино Перез со години сака да го види на „Сантијаго Бернабеу“, Роберт Левандовски.

Меѓутоа, по напуштањето на Дормтунд, Лева си замина во Минхен, а изгледа дека на крајот на сезоната ќе ја напушти „Алијанц Арената“. Извештаите сега велат дека напаѓачот на Баерн е подготвен да се пресели во Реал, па дури и да прифати некои работи што можеле да му предизвикаат потенцијална штета.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Имено, Роберт е подготвен да прифати дури и помала плата само да се пресели во “Кралскиот“ клуб“ и да заигра за најтрофејниот светски клуб. „Don Balon“ тврди дека Левандовски е подготвен да го направи тоа за неговиот сон да стане реалност.

Флорентино Перез би можел да го забрза овој трансфер со цел да ја засили својата напаѓачка линија која не е во најдобра форма оваа сезона. Потсетуваме, Реал Мадрид е 10 бода зад Барселона во Ла Лига по само 12 натпревари и речиси испаднаа од трката за да ја одбранат титулата.

АПОЕЛ го победија со 6:0 во Лигата на Шампионите, а Кристиано Роналдо се врати меѓу најдобрите стрелци, но постигна само еден гол во лигата. Исто така, времето истекува и за Карим Бензема и Герет Бејл. Нивното време во Реал Мадрид нема да трае уште долго.

Бензема исто така постигна само еден гол, а Бејл има огромен проблем со повредите од почетокот на сезоната. Од другата страна, Левандовски постигна 13 гола во Бундеслигата во 12 натпревари, а Баерн е подготвен да освои уште една титула. Дури и германските медиуми тврдат дека Лева на крајот на сезоната ќе го напушти Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…