Дома Фудбал Тепачката во Реал ја запачати судбината на Арбелоа, Перез бил шокиран од неговото однесување!

Тепачката во Реал ја запачати судбината на Арбелоа, Перез бил шокиран од неговото однесување!

Инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид изгледа ја запечати судбината на Алваро Арбелоа, откако членовите од управата на клубот разбраа за однесувањето на шпанскиот тренер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Скандалот што се случи на тренингот сè уште се одекнува, а во клубот започнаа истрага за да утврдат што точно се случува во соблекувалната на кралскиот клуб.

Валверде и Чуамени прво се скараа во среда, но вчераниот конфликт ескалираше во сериозна тепачка, од која Ургваецот заврши во болница поради повреда на главата и му беше детектиран потрес на мозокот.

Против двајцата е веќе е отворена дисциплинска постапка и истрага за да се утврди причината за несогласијата.

Меѓутоа, шпанските медиуми пишуваат дека најголем губитник во сето ова е Алваро Арбелоа, откако челниците на Реал со разочарување разбрале како тренерот реагирал за време на инцидентот.

Првите делови од истрагата сугерираат дека Арбелоа воопшто не интервенирал, што предизвикало шок кај Флорентино Перез и неговите соработници.

Шпанскиот El Mundo објави дека Арбелоа само немо стоел и не се обидел да ги смират страстите или да го наметне авторитетот што очигледно му недостасува во соблекувалната на Реал.

Од клубот се разочарани од ваквото однесување и сметаат дека тоа дефинитивно му ја запечати судбината на Арбелоа и ги уништи неговите надежи за останување на тешкото место на тренерот.

„Арбелоа воопшто не реагираше, ниту се обиде да го спречи инцидентот што се случи за време на тренингот“, пишува El Mundo.

Се додава дека Реал Мадрид во блиска иднина ќе потврди дека Арбелоа нема да остане на тренерската клупа и во клубот со нетрпение го очекуваат завршувањето на една од најтурбулентните сезони во последниве години.

Дополнително, се повеќе се спекулира дека во клубот може да пристигне Хозе Мурињо и дека тој е единствениот тренер со кој во моментов водат преговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуа…