
Не се смируваат страстите во Реал Мадрид изминатите денови, а и денес пристигнува нова вест која ќе ги потресе навивачите на кралскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Изминативе неколку недели секој ден во Реал Мадрид се случуваат скандали кои покажуваат дека атмосферата во соблекувалната на овој клуб е на навистина ниско ниво.
Причина беше испаѓањето од Лигата на шампионите, што значи дека Реал ниту втора година по ред нема да го освои трофејот, а потоа сè почна да се руши како кула од карти.
Речиси секој ден од соблекувалната на Реал Мадрид излегува некоја „валкана работа“, а сè кулминираше со вчерашната тепачка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени против кои е покрената дисциплинска постапка.
Исто така, во клубот се длабоко разочарани што сите тие информации експресно излегуваат во јавноста и свесни се дека имаат „крт“ во соблекувалната.
Многумина сомневаат дека тоа е Дани Себаљос кој неодамна се скараше со тренерот и побара Алваро Арбелоа да не му се обраќа повеќе.
Шпанските медиуми пишуваат дека играчите се сомневаат дека Арбелоина „крт“ е Винициус Жуниор и дека тој е тој што сè кажува на тренерот на Реал и открива за што зборуваат во приватната група.