Дома Фудбал Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот во Лига Европа, откако успешно ги минаа полуфиналните пресметки и обезбедија место во големото финале.

Тимот од Бирмингем одигра доминантен реванш против Нотингем Форест и со убедливи 4-0 ја потврди визата за финалето, откако првиот меч заврши со минимална предност за Вила. Домашните поведоа преку Оли Воткинс во 36. минута, а во второто полувреме целосно го скршија отпорот на противникот. Емилијано Буендија беше сигурен од белата точка за 2-0, по што Џон Мекгин со два гола стави печат на убедливиот триумф и вкупни 4-1.

Во второто полуфинале, Брага рано си ги искомплицира работите на гостувањето во Германија. Португалскиот тим уште во шестата минута остана со играч помалку, што Фрајбург знаеше максимално да го искористи. Кублер и Манзамби донесоа 2-0 уште во првиот дел, а истиот фудбалер подоцна погоди и за убедливи 3-0.

Брага преку Виктор успеа да намали на 3-1 и за момент да ја врати неизвесноста во двомечот, но гостите немаа доволно сили за уште еден погодок кој ќе ги однесеше натпреварите во продолженија. Така, германскиот тим со вкупни 4-3 обезбеди историско финале во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…