Дома Фудбал Реал ја потврди тепачката: Валверде бил нокаутиран, двајцата се суспендирани!

Реал ја потврди тепачката: Валверде бил нокаутиран, двајцата се суспендирани!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид излезе со официјално соопштение, потврдувајќи дека ќе започне дисциплински постапки против двајцата играчи заради неприфатливо однесување кое го наруши угледот на клубот.

„Реал Мадрид ја информира јавноста дека, по настаните што се случија утрово за време на тренингот на првиот тим, решивме да поведеме дисциплински мерки против нашите играчи Федерико Валверде и Орелијен Чуамени“, стои во соопштението на Реал.

Исто така, беше потврдена и сериозноста на повредата која ја доби Валверде.

„По извршените лекарски прегледи на Феде Валверде од страна на медицинскиот персонал на Реал Мадрид, му е дијагностицирана повреда на мозокот.

Валверде е дома, во стабилна состојба и ќе мора да одмора 10 до 14 дена, согласно медицинските протоколи за ваква дијагноза“, објави Реал.

Како дојде до инцидентот?

Настанот беше толку жесток што дел од тимот го опишаа како најсериозниот конфликт виден во тренинг-центарот Валдебебас. Сè започна рано наутро, кога Валверде наводно одбил да се поздрави со францускиот играч за врска, што резултираше со напнат тренинг и остри стартови. Конфликтот се разгоре во соблекувалната по завршувањето на тренингот.

Уругваецот помина полошо. Иако повредата не се должеше директно на удар од Чуамени, Валверде за време на турканицата добил длабока исекотина која бараше итна медицинска помош. Поради овој инцидент, Реал ќе влезе значително ослабен во претстојното “Ел Класико”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …