Дома Фудбал Невиден скандал во Реал: Валверде завршил во болница по тепачка со Чуамени!

Невиден скандал во Реал: Валверде завршил во болница по тепачка со Чуамени!

Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид не само што не попуштија по вчерашната расправија меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, туку во последните часови достигнаа критична точка.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Атмосферата во Кралскиот клуб доживеа уште еден сериозен удар што принуди управата да преземе сериозни мерки и да формира кризен штаб за итни случаи.

Според извештаите на шпанската Marca, се случил нов инцидент во центарот на кој повторно беа Феде Валверде и Орелиен Чуамени.

Оваа расправија била оценета како “многу сериозна”. Од првиот миг, караницата била екстремно жестока и брзо прераснала во физичка пресметка, што ги принудило соиграчите брзо да интервенираат и да ги раздвојат.

Ситуацијата ескалираше до степен што Валверде, по тепачката, заврши на болничко лекување.

Извори блиски до случувањата во Мадрид известуваат дека овој конфликт бил значително потежок и поинтензивен од оној што се случи претходниот ден во тренинг-центарот Валдебебас.

Сериозноста на случувањето доведе до итен состанок во соблекувалната, во само неколку минути по инцидентот. Ниту еден играч не го напуштил спортскиот центар додека траеше кризниот состанок, кој сличен не се памети во поновата историја на клубот.

Главната цел на оваа средба беше да се спречи натамошна ескалација на насилството и да се решат проблемите кои сериозно загрижуваат на највисоко ниво на управата, која размислува за санкции.

Во моментот, атмосферата во Реал Мадрид е исполнета со крајна тензичност. Внатрешните поделби и нервоза во соблекувалната се јасно изразени, а секојдневно расте чувството меѓу играчите и тренерскиот штаб дека ситуацијата е далеку од разрешување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон е минато: Србин ќе го брани голот на Ливерпул?

Алисон Бекер по осум години го напушта Ливерпул и ја продолжува кариерата во Јувентус, а 3…