Дома Фудбал ПСЖ закажа финале со Арсенал! (Видео)

ПСЖ закажа финале со Арсенал! (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе играат во финалето на Лигата на шампионите и ќе ја бранат титулата што ја освоија минатата година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Францускиот тим вечерва во Минхен одигра нерешено со Бајерн со резултат 1:1 и со вкупен резултат 6:5 го доби овој спектакуларен двомеч.

Пред осум дена овие тимови ни приредија еден од најдобрите дуели во историјата на Лигата на шампионите, Паризаните победија со 5:4, сега не беше така, гледавме сосема поинаков дуел, а по сето што се случи, може да се констатира дека понатаму помина квалитетниот тим.

ПСЖ ќе се бори за трофејот, втор последователен и втор во историјата на клубот, со Арсенал на 30 мај во Будимпешта. „Топчиите“ тогаш ќе играат за својата прва титула шампион на Европа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…