Дома Фудбал Хаос во Минхен, судијата се „изгуби“: Баерн оштетен за пенал!? (Видео)

Хаос во Минхен, судијата се „изгуби“: Баерн оштетен за пенал!? (Видео)

Вечерва во Минхен не очекува вистински европски спектакл, реванш полуфинале на Лигата на шампионите меѓу Баерн и ПСЖ, дуел кој и веќе сега носи многу возбуда.

Првиот натпревар во Париз донесе тотален фудбалски хаос и дури девет голови, а ПСЖ славеше со 5:4 на натпреварот што веќе е прогласен за еден од најлудите во модерната Лига на шампиони.

На самиот старт од вечервашниот натпревар ПСЖ поведе со голот на Осман Дембеле, па Баварците се во тешка ситуација бидејќи имаат два гола заостанок.

A главниот судија Пињеиро е во центарот на вниманието. Во 31. минута можеше слободно да досуди пенал за Баерн, но изгледа дека се изгуби.

Како да и самиот не знаеше што да направи, на крајот ништо. Џоа Невес ја удри топката во раката која беше далеку од телото, но тоа Португалецот „не го виде“.

Сето тоа погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Една група навивачи на Јувентус на стадионот Алијанц одбија да учествува во минутата молче…