Дома Фудбал Мурињо му постави ултиматум на Перез: Откриени детали од разговорите за враќање во Реал Мадрид

Мурињо му постави ултиматум на Перез: Откриени детали од разговорите за враќање во Реал Мадрид

Можноста за враќање на Жозе Мурињо во Реал Мадрид повторно стана една од главните теми на европскиот фудбал, а информациите кои доаѓаат од Шпанија велат дека меѓу славниот тренер и претседателот на клубот се одржал многу сериозен разговор. Тоа што особено привлече внимание се барањата кои Португалецот наводно ги поставил пред евентуалното прифаќање на враќање на „Сантјаго Бернабеу“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако многумина би очекувале дека главната тема ќе бидат финансиските услови и висината на договорот, шпанските медиуми тврдат дека Мурињо воопшто не инсистирал на пари, туку на многу посериозни работи кои се однесуваат на целокупното функционирање на клубот.

Португалецот наводно бара целосна реорганизација на спортскиот сектор, значајни промени во медицинскиот оддел и апсолутна контрола над дисциплината во тимот.

Покрај тоа, Мурињо сака многу поголемо влијание во донесување на клучните одлуки отколку што го имаше за време на неговиот прв мандат во Мадрид, бидејќи смета дека токму внатрешните проблеми и политиката во клубот го обележале крајот на неговиот претходен период на Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне само со учеството во ЛШ на Атлетико му заработил богатство!

Оваа сезона веќе заработија 75,15 милиони евра, а кога УЕФА ќе ја заврши пресметката на кр…