
Холандскиот офанзивен играч за врска, Тиџани Рејндерс (27), летово му се приклучи на Манчестер Сити од страна на Милан, преку трансфер вреден 55.000.000 евра, сума која можеше да се покачи и до 70.000.000 преку бонуси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговото деби во Премиер лигата против Вулверхемптон беше фантастично, со погодок и асистенција, и се чинеше дека ќе стане клучен играч во концептот на Пеп Гвардиола, но ситуацијата брзо се промени.
Од доцна есен натаму, неговото влијание драстично се намали, изгуби довербата на тренерот, остана надвор од стартниот состав, а во последните четири натпревари во лигата не доби ниту минута на теренот.
Јасно е дека тој сепак не е играч по вкусот на Гвардиола, или барем не ги донесе очекувањата кои искусниот тренер ги имаше.
Незадоволството е двострано, што раѓа спекулации за негово заминување кои стануваат се погласни.
Италијанската “Газета дело спорт” известува дека Јувентус ја следи ситуацијата околу Рејндерс и ќе стори сè што може за да го донесе во клубот, доколку се создадат погодни услови.
Останува да видиме колку ќе бара Сити како обештетување и дали Јуве ќе може тоа да го плати…
Можниот негов премин во Јувентус сигурно ќе наиде на негативни реакции од навивачите на Милан, но за тоа ќе се зборува на време…
Рејндерс оваа сезона има постигнато седум голови и осум асистенции во сите натпреварувања, а без разлика на неговиот актуелен статус во клубот, тој ќе биде важна алка за холандската репрезентација на претстојното Светско првенство.