Дома Фудбал Култната „Ла Бомбонера“ повеќе нема да биде иста: Се гради чудо од стадион! (Видео)

Култната „Ла Бомбонера“ повеќе нема да биде иста: Се гради чудо од стадион! (Видео)

Специфичниот изглед на култниот стадион „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес е нешто што нема ниту еден друг стадион во светот, но сега се е подготвено за нејзино реновирање.

Стадионот каков што го знаеме, ќе замине во историјата засекогаш. Планот е брзо да се започне со реконструкцијата, ќе исчезне славната права трибина и, се разбира, капацитетот ќе биде значително зголемен.

Тековниот капацитет е 57.000 седишта, а новата „Ла Бомбонера“ ќе има 80.000 места. И тоа не е сè затоа што многу нешта се менуваат.

Се очекува изградба на четврто ниво на трибините, вградување на 18 лифтови, нов тунел за пристап на играчите, и реорганизација на клупите и секторите на теренот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…