Дома Фудбал Атлетико оштетен три пати за пенал против Арсенал? Еве ги спорните моменти

Атлетико оштетен три пати за пенал против Арсенал? Еве ги спорните моменти

АТЛЕТИКО МАДРИД беше исфрлен од Арсенал откако загуби со 1:0 на реваншот на „Емирејтс“. Единствениот гол на натпреварот го постигна Букајо Сака во 45. минута, но во фокусот на јавноста се најдоа три поединечни моменти во кои играчите и навивачите на Атлетико сметаа дека се ускратени за пенали.

Туркањето со Калафиори врз Симеоне

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот спорен момент се случи по долга топка во длабочина во првото полувреме. За неа се бореа Џулиано Симеоне и Рикардо Калафиори, а на крај ситуацијата заврши така што Италијанецот го турна синот на тренерот на Атлетико во казнениот простор. Ситуацијата не беше прегледана поради офсајд, но сликата што ја сподели самиот Симеоне на неговиот Инстаграм профил ја доведува во прашање правилноста на одлуката.

Рушењето на Габриел врз Симеоне

Вториот спорен момент се случи во 50. минута од натпреварот. Нова топка во длабочина што Симеоне успеа да ја прими и го заобиколи голманот, но Габриел стигна навреме од зад него и ја отстрани опасноста. Играчите на Атлетико повторно се жалеа, верувајќи дека бразилскиот стопер го фаулирал Аргентинецот и дека требало да биде казнет. Моментот можете да го видите ОВДЕ.

Газењето врз Гриезман од страна на Калафиори

Најспорниот момент се случи во 56. минута. По ударот на Гриезман, Марк Пубил беше во дуел со Габриел на изблокираната топка и стоперот на Арсенал извојува спорен прекршок. Во продолжение на акцијата, топката се врати до Гризман и тогаш Калафиори очигледно го нагази. Пеналот не беше проверен поради спораниот прекршок на Габриел кој беше суден претходно. Ситуацијата можете да ја видите ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски со порака до Босанците: Доаѓаме да ве победиме!

Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а селекторот Гоце С…