
Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на шампионите, откако вечерва на својот терен славеа против Атлетико Мадрид со минимални 1:0.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дуелот на „Емиратите“ понуди сцена слична на првиот натпревар во Мадрид, кој заврши нерешено 1:1. И оваа вечер имаше малку шанси на двете страни, со борбен и цврст фудбал.
Херој на Арсенал беше Букајо Сака, кој во 44. минута се најде на точното место во казнениот простор, и по удар од Тросар, ја постигна победничката гол.
Атлетико Мадрид не се откажуваше и се бореше до последниот судиски свиреж, но домаќините ја задржаа предноста и го обезбедија финалниот настап, кој ќе се одржи на 30 мај во Будимпешт.
Лондонскиот тим ќе го дознае својот противник утре по реваншот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ. Да потсетиме, францускиот состав на домашен терен победи со 5:4.