Дома Фудбал На повидок скандал во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да играат во Лигата на шампионите?!

На повидок скандал во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да играат во Лигата на шампионите?!

Борнмут со убедливата победа од 3:0 против Кристал Палас ја презеде водечката позиција во трката за шестото место во Премиер лигата, што оваа сезона би можело да биде најнеобичниот начин за пласман во Лигата на шампионите досега. Во одлична форма, го надминаа Брентфорд, а ситуацијата може да доведе до неверојатна сцена во последното коло, каде пораз би можел да биде корисен за некои клубови што сакаат да играат во елитното натпреварување.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Благодарение на коефициентот, Англичаните добија дополнително место во Лигата на шампионите наредната сезона, што значи и тимот што ќе заврши на петтото место на табелата ќе има шанса да се натпреварува во најсилното клупско натпреварување во Европа. Компликации настануваат ако Астон Вила ја освои Лига Европа, бидејќи тоа автоматски носи и место во Лигата на шампионите следната сезона. Во тој случај, и шестопласираниот клуб од Премиер лигата би се квалификувал за Лигата на шампионите.

Иако е малку веројатно, постои сценарио според кое шестопласираниот тим можеби ќе треба да загуби во последното коло за да обезбеди место во Лигата на шампионите, како што наведува Би-Би-Си. Во последната рунда, Брајтон го пречекува трето рангираниот Манчестер Јунајтед, додека Брентфорд му гостува на Ливерпул, кој е четврти. Ливерпул е пред Астон Вила само поради подобра гол-разлика, додека Манчестер Јунајтед има шест поени предност.

Ако Брајтон или Брентфорд бидат сигурни дека ќе го задржат шестото место дури и ако загубат, тој пораз би можел да значи пласман во Лигата на шампионите наместо во Лига Европа. Победата на нивните противници би помогнала Астон Вила да остане на петтото место, што е клучен услов за активација на ова сценарио.

Според тековната состојба, осум англиски екипи ќе се квалификуваат за европските натпреварувања, но тој број може да се зголеми на десет. Ако Нотингем Форест ја освои Лига Европа, а Кристал Палас Конференциската лига, а не завршат меѓу првите седум или осум, тоа би значело дека половина од англиската лига следната сезона ќе игра во Европа.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета објави две одлични вести пред реваншот со Атлетико Мадрид

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, денес потврди дека ќе може да смета на двајца опоравени…