Дома Фудбал Официјално: Един Терзиќ најде нов клуб, ќе работи во Шпанија

Официјално: Един Терзиќ најде нов клуб, ќе работи во Шпанија

Фудбалскиот клуб Атлетик Билбао објави дека германскиот тренер Един Терзиќ потпишал нов договор со времетраење од две години и ќе го преземе водството на првиот тим од следната сезона, со соработка до 30 јуни 2028 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Терзиќ (43) два пати го водеше тимот на Борусија Дортмунд, освојувајќи го Купот на Германија во 2021 година, а во 2023 година беше многу блиску до освојување на титулата во Бундеслигата, како и до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година.

Пред да стане главен тренер на Дортмунд, Терзиќ работеше во младинскиот состав и во спортскиот сектор на клубот, а искуство надгради и како помошен тренер во Вест Хем и Бешикташ.

Од баскискиот клуб најавуваат дека Терзиќ официјално ќе се претстави на почетокот на следната сезона, додека тековниот фокус на екипата е завршување на натпреварувачката сезона со преостанатите четири клучни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не сакат повеќе малтретирање во САД, сега на потег е ФИФА!

Фудбалската федерација на Иран ќе поднесе официјална жалба до Меѓународната фудбалска феде…