
Фудбалерите на Арсенал утре ќе ги пречекаат Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите на стадионот “Емирејтс”.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Само еден ден претходно, пристигнаа големи вести за сите фанови на Арсенал – договорено е првото засилување за следната сезона.
Според пишувањето на англиските медиуми, Тони Ливраменто ги договори сите лични услови со тимот од “Емирејтс”.
Иако Журиен Тимбер се устали во првиот тим како десен бек, Артета знае дека нема добра замена за него во лицето на Бен Вајт.
Артета долго време со својот тим го следеше Ливраменто, па сега реши да започне акција.
Според информациите од Англија, Арсенал ги заврши преговорите со претставниците на овој играч и се е договорено околу личните услови.
Играчот истакна голема желба од летово да стане дел од “Емирејтс” и да го носи дресот на Арсенал.
Ливраменто е играч многу сличен на Тимбер кој може да игра на двете страни во одбраната, а токму тоа му е потребно на Артета.