
Фудбалската федерација на Македонија денеска одржала седница на која биле разгледани случувањата од викендот во Кавадарци и Кратово, каде што Силекс и Шкендија одиграа нерешено 1-1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според одлуките, инцидентите во Кратово се случиле по завршувањето на натпреварот. Фудбалерот на Шкендија и македонски репрезентативец, Имран Фетаи, ја оштетил вратата од службените простории удирајќи ја со нога. За настанот веќе е составен полициски записник, а од играчот била земена и изјава.
Од ФФМ информираат и дека шефот на стручниот штаб на тетовскиот клуб, Јетон Беќири, се однесувал несоодветно кон припадниците на МВР, при што упатувал вербални навреди во службените простории.
Поради овие случувања, Комисијата за натпреварување при ФФМ отвори дисциплинска постапка против Шкендија, како и против Фетаи и Беќири, а случајот е предаден на Дисциплинската комисија која ќе ги утврди можните санкции.
Дополнително, Шкендија е обврзана во рок од 15 дена од натпреварот да постигне договор со Силекс за надомест на настанатата материјална штета.